26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледот на Kawasaki кон иднината - Concept J (фото+видео)

Погледот на Kawasaki кон иднината – Concept J (фото+видео)

kawasaki_j_3_wheeler_concept

Класичните бензински погонски линии се чини дека на „Kawasaki“ му се се помалку интересни. Брендот од Акаши тоа сериозно го порача преку тоа што го претстави во Токио.

Новиот мотор кој ќе се најде во идната генерација на нивните мотоцикли е само почеток, затоа што Јапонците сериозно размислуваат и за модели со електропогон.

Електричните мотоцикли се повеќе се интересни за јапонските мото брендови. Веќе две години „Honda“ тестира еден таков модел по улиците на островот Ман, но и другите производители од Јапонија не седат со скрстени раце.

Kawasaki-J-Concept-01

Така „Yamaha“ во Токио го претстави концептот „PES1“, a должен не остана ни „Kawasaki“ кој за „Tokio Motor Show“ ја подготви студијата „Concept J“ – визијата на својот електричен мотоцикл.

Оваа студија со својата модуларност се прилагодува на условите на патот и брзината со која се движи, па така кај големите брзини предниот дел станува се потесен во издолжената силуета и на „Concept J“ му носи поголема стабилност.

Во случај кога овој концепт се движи во урбан дел неговата должина се намалува, а предниот дел се шири за да биде постабилен во градскиот метеж. Се делува многу компликувано, а од „Kawasaki“ не понудија конкретно појаснување, па претпоставуваме дека и така ќе биде.

kawasaki-j-concept-05

Очигледно оваа студија нема да стане производен примерок во блиска, а веројатно ни во подалечна иднина.

Тоа што би можело во некои од сериските мотоцикли со знакот на „Kawasaki“ да се најде е електромоторот, кој за него за жал нема никакви податоци за неговата конфигурација и перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП