28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJuke Nismo RS со повеќе моќ и агресивен дизајн

Juke Nismo RS со повеќе моќ и агресивен дизајн

nissan_nismo_rs

„Nisѕan“ е подготвен на пазарот да понуди уште еден огранок од стеблото „Nismo“”, а причината за тоа е големата побарувачка за подобри перформанси и поголема ексклузивност. Јапонскиот производител на тоа ќе се обиде да одговори со моделите со ознаката „RS“, која потекнува од „rennsport“, што е германски еквивалент на препознатливата ознака „racing“.

Слична е ситуацијата и со останатите производители. „Audi“ ги има линиите „S“ и „RS“, „BMW“ автомобилите со ознаката „M“, додека „Mercedes“ е поврзан со познатата „AMG“.

nissan_nismo_rs1

Првиот автомобил со ознаката „Nissan Nismo RS“ е необичниот кросовер „Juke“, кој ја имаше својата премиера на саемот во Лос Анџелес.

„Juke Nismo RS“ во однос на стандарниот модел ќе има многу промени, како самото тело на автомобилот, така и низ благо тјунираниот мотор кој сериски се вградува во „Juke“.

Подлогата за „Juke Nismo RS“ е од „Juke R“, па беше јасно дека се оди во правецот со повеќе снага, агресивен дизајн и кабина која во целост ќе одговара со тркачки модел. Во неа доминираат „Recaro“ спортските седишта кои се прекриени со кожа и со црни елементи.

nissan_nismo_rs2

Сепак, најголема мистерија е тоа зошто „Nissan“ не се одлучи за освежување на моторот, па под хаубата остана 1.6 литарскиот четирицилиндарски агрегат со турбополнење и со снага од 215 „коња“.

„Nismo RS“ доби и унапреден шестстепен мануелен менувач, кој овозможува краток интервал за пренос на снагата и со тоа и подобро забрзување.

„Nismo RS“ може да смета на вртежениот момент спортско подесување на сите тркала, како и на спортската суспензија и електронскиот серво волан.

nissan_nismo_rs3

Сопирачките кои имаат задача навреме да ги сопрат 18-инчните тркала, исто така се подобрени.

„Juke RS“ во продажба ќе се појави во почетокот на следната година, а ќе биде достапен во сафирно црна, брилијант сива и бисерно бела боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП