20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGalaxy Grand 2 е 5.25 инчен смартфон од средна класа

Galaxy Grand 2 е 5.25 инчен смартфон од средна класа

galaxy-grand-2

Во последно време честопати се појавуваа неофицијални информации за најави, според кои „Samsung“ подготвува 5.25-инчен смартфон од средна класа. Сепак тие гласини се покажаа како точни, затоа што сега знаеме дека станува збор за моделот „Galaxy Grand 2“.

Иако ја дели големината на екранот со гамата „Note“, хардверот му е послаб и со тоа влегува во средниот сегмент. Во споредба со претходниот модел кој имаше резолуција на екранот од 800 x 480 (5 инчен), новиот модел ќе дојде со 720p резолуција со густина од 280 ppi, додека платформата ќе му биде „Android 4.3“.

Кога се во прашање останатите спецификации, тука е процесорот „quad-core“ 1,2 GHz, 1,5 GB RAM, 8 GB интерна меморија, слот за „microSD“ картичка, камера од 8 мегапиксели, „dual-SIM slot“, батеријата од 2600 mAh и нема пекало.

Се уште не е познато по која цена ќе се продава овој нов уред на „Samsung“, но и тоа на кои пазари прво ќе се најде во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП