24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКупувате автомобил: Како да одлучите - нов или половен?

Купувате автомобил: Како да одлучите – нов или половен?

Old-Car-VS-New-Car-Automobile-Tips

Првото нешто што треба да се запрашате кога ќе одите да купите автомобил е: Дали Ви е потребен нов или половен автомобил?

Амортизацијата е најголемата цена за возење на автомобил. Дури и ако купите модел кој е стар само една година, знаете дека можете да си го дозволите за многу помалку пари отколку што вреди нов, затоа што најголемиот пад на цената доаѓа во првите 12 месеци.

Погледнете ги цените, можеби ќе можете да купите подобро опремена и помоќна машина, наместо нов автомобил. Можеби ќе можете да купите возило подобро за цела класа, благодарејќи на таа заштеда.

Многумина од продавачите на автомобили, но и купувачите ќе потврдат дека теренците и џиповите се покажуваат добро, дури и кога се половни. Купете еден од нив и нема да размислувате за тоа кога ќе заглавите некаде на лош пат.

Дури иако автомобилот кој ќе го купите е стар повеќе од три години, незначи дека неможе да биде заштитен со добро осигурување. Доколку побарате сигурно ќе најдете адекватно осигурување кое ќе ги покрие сите посакувани ризици.

Ако имате одреден буџет, а сте одлучиле да купите нов автомобил, договарањето на цената ќе биде тешко. Можете да користите интернет и да проверите кога продавачите на автомобилот кој Вие го сакате, планираат попуст или некоја посебна акција, па така да заштедите.

Новиот автомобил честопати доаѓа со осигурување и гаранции кои ќе Ви овозможат многу работи да ги сервисирате бесплатно. Вообичаено една до три години да бидете спокојни, додека кај половен автомобил уште на самиот старт морате да сметате на трошоците за ситни поправки.

Специјалните понуди како што се бескаматните кредити, најчесто се поврзани за новите автомобили, па така тие можат да бидат добра опција за купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП