ПочетнаКОМПАНИИАM Best ги потврди високите кредитни рејтинзи „A“ со стабилен среднорочен изглед

АM Best ги потврди високите кредитни рејтинзи „A“ со стабилен среднорочен изглед

Агенцијата за кредитен рејтинг очекува успешно работење на Групација Триглав во 2025-та година, во согласност со подобрената проекција за годишна добивка на Триглав.

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, повторно им ја потврди оценката на финансиска моќ „A“ (Excellent) и долгорочната кредитна оценка на издавач „a“ (Excellent). Сите елементи на овогодинешните оценки остануваат на исто ниво како минатата година, а оценките имаат стабилен среднорочен изглед.

Високите рејтинзи ја потврдуваат оценката на Агенцијата дека Триглав има многу силна финансиска позиција, работи успешно и соодветно управува со ризиците. Влијанието на деловниот профил на компанијата и мнозинската државна сопственост врз оценката останува неутрално. При потврдувањето на високиот рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, Агенцијата ја нагласи нејзината стратешка важност за Триглав и силната интегрираност во Групацијата.

Според AM Best, капитализацијата на Триглав е на највисоко ниво и усогласена со неговиот ризичен профил. Дополнително, се истакнува добрата финансиска флексибилност, со докажан пристап до пазарите на капитал и долг.

Во работењето, Групацијата располага со конкурентски предности, меѓу кои и водечка позиција во Словенија и Адриа регионот и добро диверзифицирано портфолио. По две предизвикувачки години, Триглав оствари добри резултати во 2024-та година. Агенцијата очекува да работи многу успешно и во 2025-та година, што е потврдено со одличните полугодишни резултати. Годишните резултати се очекува да бидат во согласност со подобрената проекција за добивка на Триглав.

Соопштението на Агенцијата е објавено на веб-страницата www.triglav.eu во делот Односи со инвеститори.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП