17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПаметниот часовник Pine ќе го замени смартфонот (видео)

Паметниот часовник Pine ќе го замени смартфонот (видео)

neptune-pine

Пазарот на паметни часовници се уште е во голем подем, но преовладуваат сомнежите дали воопшто има смисла од овие уреди во нивната сегашна форма. Интересот за „Samsung Galaxy Gear“ е релативно контроверзен, затоа што за двата месеци од кога се најде во продажба, компанијата пласираше 800.000 примероци од него.

Според поновите и мали компании како „Neptune“ на пример, решението е зголемување на функциите на паметниот часовник. Компанијата планира да ја предложи нивната идеја за сличен уред во лицето на „Pine“.

Часовникот располага со функција за телефонија, „GPS“, вградена камера за видео разговор. А идејата на „Neptune“ е „Pine“ да биде замена на смартфоните.

Уредот користи 2.4 – инчен дисплеј со резолуција 320х240. Само по себе тоа го прави доста обемен, но според неговите творци е незначителна жртва во замена на мноштвото опции кои корисникот ги добива.

Меѓу нив се уште и 32GB внатрешната меморија, „WiFi“, „Bluetooth 4.0“ , 5 MP камера, поддршка за 3G мрежи. Покрај тоа „Pine“ е водоотпорен, а вградената батерија oд 810 mAh му обезбедува до 10 часа слушање музика или 7 часа сурфање на интернет преку „WiFi“.

Разгледувањето на интернет страници на мал екран, тешко дека ќе е особено погодно. Од „Neptune“ сепак сметаат дека ќе е доволно за повеќето традиционални активности на интернет како читање на пораки, разговор и споделување на социјални мрежи. За таа цел „Pine“ дури и ќе обезбедува виртуелна „QWERTY“ тастатура во речиси класичен распоред. Оперативниот систем на уредот е „Android 4.1.2“.

Целта на „Neptune“ е да почнат да го продаваат „Pine“ уште во почетокот на следната година. Цената на часовникот ќе е околу 400 долaри, а оние кои сакаат да си го купат уредот може да го направат тоа уште сега во „Kickstarter“,  каде компанијата спроведува кампања за финансирање и го нуди „Pine“ со големо намалување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП