24 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако и Sony: Microsoft продаде над милион Xbox во првиот ден

Како и Sony: Microsoft продаде над милион Xbox во првиот ден

boksi

„Microsoft“ објави дека продале повеќе од еден милион примероци од конзолата „Xbox One“ во првиот ден од продажбата. Новата конзола на „Microsoft“ започна да се продава вчера, а од компанијата велат дека со овој резултат го надминала својот претходникот „Xbox 360“, кој во продажба се најде во 2005-та година.

Продажбата на новата генерација „Xbox“ започна во 13 земји, за разлика од таа на „Sony“ која пред една недела почна да се продава само во Северна Америка.

Софтверскиот гигант истакнува дека „Xbox“ кај поголемите трговци веќе бил распродаден и дека сега работат на дополнување на резервите.

Покрај тоа, тие се пофалија дека играчите во овој краток временски период во „Dead Rising 3“ убиле повеќе од 60 милиони зомби и возеле 5.8 милиони километри во новата „Forzi 5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП