5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул: 100 милиони евра и Суарез е слободен

Ливерпул: 100 милиони евра и Суарез е слободен

luisce

Луис Суарез ја покажува својата класа и оваа година, постигна дури 8 гола на 6 средби во Премиер лигата. Јасно е дека Ливерпул во јануари ќе мора да се брани од многуте заинтересирани клубови кои ќе сакаат да го „украдат“ Уругваецот.

Ливерпул ова лето успеа да го задржи Суарез, иако тој самиот сакаше да си замине од клубот.

Екипата од „Енфилд“ моментално е на самиот врв во Премиерлигата, Суарез игра одлично и навивачите на „црвените“ се надеваат дека тој би можел да остане.

Сепак, извор близок до клубот тврди дека Ливерпул ќе го продаде Суарез на крајот од сезоната, но доколку за него пристигне вистинската понуда!

Имено, Реал Мадрид е многу заинтересиран за Уругваецот. Ливерпул би требало во јануари да се спротивстави на сите понуди, но следното лето тешко дека ќе го сочува врвниот голгетер.

Ливерпул постави „мамка“ – 100 милиони евра и Суарез е слободен.

Јасно е дека оваа порака е упатена до „кралевите“ кои се сметаат за големи потрошувачи и воопшто нема да биде изненадување доколку ваквиот трансфер од „бајките“ се реализира на задоволство на двете страни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП