23 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАXbox One тргна во освојување на Светот!

Xbox One тргна во освојување на Светот!

Emanuel Jumatate

Новата конзола на „Microsoft“ за играње – „Xbox One“ на полноќ е пуштена во глобална продажба, седум дена откако конкурентската компанија „Sony“ на пазарот го пласираше својот „PlayStation 4“.

Така започна борбата за купувачите во светот пред божиќните празници, а во Англија околу 300 специјализирани продавници за игри и околу 100 продавници од ланецот на супермаркети „Tesco“ останаа отворени во текот на ноќта, за да можат купувачите кои чекале да започне продажбата на новата конзола, да можат да ја купат.

Иако „PlayЅtation 4“ беше пуштен во продажба во Америка, купувачите во Европа ќе мораат да чекаат уште седум дена за да дојдат до посакуваниот примерок (29-ти ноември), а пак „Xbox One“ од полноќ симпатизерите на оваа конзола ќе можат да ја купат во вкупно 13 земји. Сепак најмногу ќе се изначекаат потрошувачите во Јапонија кои за двете конзоли ќе мораат да чекаат до 2014-та година.

Претставниците на „Microsoft“ во јавноста соопштија дека биле соочени со голем број на нарачки за „Xbox One“ пред конзолата да се најде во продажба, многу повеќе отколку во случајот со претходникот „Xbox 360“. Па така тие веруваат дека „Xbox One“ ќе ги собори сите досегашни рекорди кога се во прашање конзолите за играње.

Xbox-One two

Различните датуми на појавување на пазарите производителите го објаснуваат со тоа што дизајнерите и луѓето кои работат на изработката на конзолата им е потребно дополнително време за прилагодување на производот со потрошувачите (во превод различните јазици), како и дека со тоа се намалуваат трошоците, но веќе е познато дека „Xbox One“ во Европа ќе чини за околу 100 евра повеќе од „PlayЅtation 4“.

Причината за поголемата цена на конзолата е тоа што „Xbox One“ поседува вграден „Kinect“ сензор кој ја подобрува контролата на движење и звук во игрите, во однос на претходната генерација.

Техничките спецификации на „Xbox One“ и „PS4“ се премногу слични, а самата графика на игрите би требало да биде значително подобрена во однос на претходните генерации. Сепак, експертите имаа можност да ги тестираат двете конзоли и сметаат дека „PS4“ за нијанса има подобри решенија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП