5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛакомиот Меси си оди од Барса?

Лакомиот Меси си оди од Барса?

lesi mesi

Според информацијата на Франсоа Галјардо од извори блиски до клубот од Каталонија, еден од најдобрите фудбалери на светот, наредното лето ќе си замине од „Ноу Камп“.

Сите се свесни колку ова звучи нереално, но извор близок до Барселона тврди дека дошло до несогласување меѓу Меси и челниците на клубот во врска со новиот договор кој Аргентинецот требало да го потпише.

Се било договорено, но тогаш на Меси му било јавено дека до продолжувањето на соработката во овој момент неможе да дојде, поради тоа што финансиските барања на Меси биле премногу големи.

Поради ова, Меси смета дека клубот до предал и одлучил на крајот на сезоната да си замине од Каталонија.

Галјардо дури тврди дека дури е и постигнат договор меѓу Меси и еден друг клуб, а подготовките за тој трансфер би требало да започнат во февруари или март. Снимката од емисијата во која се објавени овие тврдења може да ја погледнете во следниот прилог.

Дали можете да поверувате дека Лео Меси навистина ќе ја напушти Барселона поради пари?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП