20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНемате девојка? Ова е апликацијата која ќе го „реши“ тоа

Немате девојка? Ова е апликацијата која ќе го „реши“ тоа

nevidliva devojka

Мет Хофман, креаторот на услугата „Невидлива девојка“, вели дека постојат неколку причини поради кои би требало да ја пробате оваа апликација.

„Невидлива девојка“ е сервис кој им овозможува на корисниците да направат „лажна“ девојка која ќе ја користат по потреба. Во основниот пакет ќе ги добиете опциите како што се разменување „SMS“ пораки, автоматски повици, едноставни подароци и слично.

Следното ниво вклучува креирање на посебен профил на „Фејсбук“, говорна пошта и посериозни дарови. Најскапиот пакет вклучува повици од платени актери и составување приказни како сте се сретнале.

Креаторот на овој сервис вели дека дошол на оваа идеа пред неколку месеци, иако го купил интернет домејнот пред три години. Тој истакнува дека овој сервис им служи на корисниците да ги избегнат непријатните ситуации во случај да сакате да се „извлечете“ од некој состанок, разговорот со родителите за тоа дали имате врска и слично.

Во зависност од пакетот, овој сервис чини од десет па до 50 долари.

http://invisiblegirlfriend.com/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП