3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle ја претстави сопствената дебитна картичка

Google ја претстави сопствената дебитна картичка

google-wallet

Светските агенции пренесоа дека американскиот интернет гигант „Google“ ја претстави својата дебитна картичка за шопинг во продавници и за подигнување на пари од банкомат.

Картичката, која засега е достапна само во САД, им дава на корисниците можност за пристап до средствата кои се вложени во сметките на услугата „Google Wallet“.

„Google Wallet“ е апликација за паметните телефони и онлајн сервис кој им овозможува на корисниците да купуваат стоки и да прават трансфери. Новата „Wallet“ картичка ќе биде прифатена на „милиони локации“ кои работат со „MasterCard“, но и од банкомати, соопшти „Google“.

Според „Google“, картичката е бесплатна и компанијата нема да собира од своите клиенти месечни надоместоци.

Новата услуга може да му помогне на „Google“ да има поголема улога во трговијата и да му обезбеди на концернот вредни информации за потрошувачките навики на клиентите, забележуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП