18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 250 LM влезе во листата на петте најскапи автомобили

Ferrari 250 LM влезе во листата на петте најскапи автомобили

1964-ferrari-250-lm-rm

Спортскиот автомобил „Ferrari 250 LM“ (од 1964-та година), создаден во дизајнерската работилница „Carrozzeria Scaglietti“, беше продаден на аукција во Њујорк за 14.3 милиони долари.

Возилото е меѓу првите пет најскапи „четиритркални дела на автомобилската уметност“ кои биле пуштени некогаш на аукција. Тоа, сепак, не можеше да ја сруши апсолутната рекордна цена која беше поставена оваа година од „Mercedes – Benz W196R Silver Arrow“ (од 1954-та година). Овој автомобил беше продаден за 29.5 милиони долари во Велика Британија.

Автомобилите на „Ferrari“ од серијата 250 се произведувале од 1954-та до крајот на 60-тите години на минатиот век. Предложениот примерок за продажба на „Ferrari“ бил во сопственост на познатите тркачи Фаусто Морето и Гилермо Ортега.

На аукцијата во четвртокот беа изложени 34 возила за кои беа платени 62.8 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП