8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNintendo работи на таблет базиран на Android

Nintendo работи на таблет базиран на Android

nintendo tablet

Јапонската компанија „Nintendo“ најверојатно работи на таблет уред базиран на оперативниот систем „Android“, кој би служел за извршување на едукациски игри за деца.

Информациите за новиот уред дојдоа од „тивитовите“ на еден софтверски инженер кој е вработен во американското одделение на „Nintendо“. Сите „твитови“ во меѓувреме се избришани, но фановите од интернет страницата „Nintendo Everything“ успеале да го снимат целиот избришан материјал и јавно да го објават.

Таблетот на „Nintendo“ би требало да се користи за едукациски игри во кои главни ликови ќе бидат познатите ѕвезди Марио и Линк. Најверојатно овој уред нема да може да се купи во продавниците, туку ќе се продава само во помал број во авторизирани школи и други едукативни центри и тоа најверојатно само во Јапонија.

Се претпоставува дека уредот би требало до некаде да ги поправи лошите финансиски резултати на „Nintendo“. Тие настанаа поради слабата продажба на новата „Wii U“ конзола, а во изминатите години продадени се помалку од 5 милиони примероци од оваа конзола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП