4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes GLA 45 AMG Concept (фото+видео)

Mercedes GLA 45 AMG Concept (фото+видео)

gla amg

„Mercedes“ го искористи авто-саемот во Лос Анџелес да го претстави концептот на идната „AMG“ верзија на кросоверот „GLA“.

Со оглед дека медиумите како ѕвезди на саемот ги најавуваа моделите „S65 AMG“ и „SLS AMG GT Final Edition“, германскиот производител ги изненади сите со премиерата на концептот „GLA 45 AMG“.

Автомобилот е опремен со аеродинамички додатоци од кои највпечатлив е хоризонталниот стабилизатор на задниот дел на покривот.

gla amg1

Се очекува сериската верзија да биде визуелно поразлична, а додатоците кои ги гледаме на концептот најверојатно ќе бидат понудени во рамките на изборниот пакет.

Што се однесува до погонскиот агрегат, тука изненадувања нема, затоа што „GLA 45 AMG“ го превзема истиот 2.0 литарски турбо мотор кој се користи во моделот „A45 AMG“.

Овој автомобил има 360 ks и 450 Nm максимален вртежен момент. Моторот е поврзан со седумстепениот автоматски менувач „AMG SPEEDSHIFT“ со двојно квачило, а погонот се пренесува на сите 4 тркала со помош на системот „4MATIC“.

gla amg2

„Mercedes“ не објави повеќе технички детали и податоци за перформансите, но соопшти дека автомобилот до „стотка“ стигнува за помалку од 5 секунди.

Очигледно, на производниот модел нема долго да чекаме, па неговата премиера би можела да се случи веќе на женевскиот авто-саем во март 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП