2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа што служат асиметричните шари на гумите?

За што служат асиметричните шари на гумите?

asimetricna guma

Гумите со асиметрични шари се направени за да ги исполнат барањата и одговорите на различните услови на патот. Добро се прилагодуваат и на суво и на мокро, а нивните канали ја фрлаат водата кога паѓа дожд или кога на патот има снег кој се топи.

Дизајнот на овој вид на гуми, како што кажува и самото име, се крактеризира со целосна асиметрија. Левата страна од шарата е различна од десната.

Асиметричната шара е најраспространета на гумите за сите сезони. Надворешната страна по правило е посилна, има поголеми и постабилни блокови кои овозможуват добро управување во кривините, додека внатрешната страна е задолжена за подобра дренажа.

Во тоа најмногу помагаат малите, но густо распоредените канали. Многу често ваквите гуми имаат централно ребро на шарата за подобра стабилност. Пример такви гуми има зимската „Michelin Pilot Alpin PA3“ и гумата за сите сезони „Vredestein Quatrac 3“. Кога ги споменуваме поголемите блокови, типичен пример за гуми е „Nokian WR G2“.

Гумата со асиметрична шара практично е гумата „два во еден“. Таа е добар „сопатник“ на суво, но и добар „сувозач“ на мокар пат. Ваквите гуми претставуваат идеална комбинација на две шари со различни карактеристики.

Пример летните гуми имаат асиметрична шара, како што се „Goodyear EfficientGrip“ и „Goodyear EAGLE F1 Asymmetric“.

При монтажа на асиметричните гуми од многу големо значење е надворешната страна на гумата (на која постојат одговарачки ознаки), таа на сите четири тркала треба да биде поставена така што ќе биде поставена кон надворешната страна на возилото.

Погрешната монтажа секако ги намалува карактеристиките, но и го намалува векот на гумата. Со правилна монтажа може да се искористи целиот потенцијал на гумите, кој одговара и за на суво и за мокро време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП