2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNASA стартува со вселенска такси служба

NASA стартува со вселенска такси служба

svemir

И покрај буџетската неизвесност „NASA“ во вторникот објави повик за комерцијална понуда за превоз на астронаути на Меѓународната вселенска станица, како обид до 2017-та година да се сруши рускиот монопол за транспорт.

САД од пензионирањето на трите шатли во 2011-та година поради големите трошоци за одржување и од безбедносни причини, повеќе нема сопствен транспорт на астронаути.

Руските услуги за транспорт ја чинат „NASA“ повеќе од 60 милиони долари по лице.

Комерцијалната програма на „NASA“ би требало да одговори на прашањето како за трошоците, така и за безбедниот транспорт, а притоа да им овозможи на астронаутите да полетуваат од американска територија во вселената.

Агенцијата би сакала да обезбеди транспорт на комерцијална основа при крајот на 2017-та година, за да може на секои шест месеци да испраќа членови на екипаж во вселенската станица.

Новиот повик бара поднесување на конечниот дизајн и плановите на развој, финално тестирање, проценки и потврда на системот за транспорт на луѓе, вклучувајќи ги и податоците за земскиот дел на операцијата, како и лансирањето и слетувањето, но и операциите во орбитата и враќањето на Земјата.

Наместо да дизајнира заменски вселенски шатлови и да вработува изведувачи на работата, кои би граделе, „NASA“ одлучи да ја препушти таа работа на индустријата со осигурување на паричните средства, техничката помош и надзор.

Досега приватната компанија „Space Exploration Technologies“, односно „SpaceX“, изведе тест-лет и два транспорти на терент до станицата. „Orbital Sciences Corp.“ го доврши тест-летот во септември и се подготвува за првата мисија во декември.

„NASA“ со 800 милиони долари го поддржа развојот на „SpaceX’s Falcon 9“ ракетата и „Dragon cargo“ капсулата, како и „Orbital Sciences’ Antares“ ракетата и „Cygnus“ капсулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП