2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАKуќиштето на LG Flex навистина само се „лекува“ (видео)

Kуќиштето на LG Flex навистина само се „лекува“ (видео)

lg test

„LG“ тврди дека нивниот паметен телефон има позадина која е во состојба сама да се поправи од гребнатини и оштетувања, а се повеќе се чини дека ова не е само маркетинг трик.

За време на претставувањето на моделот „Flex“ од „LG“ ја пофалија новата технологија која дозволува заоблениот екран дополнително да се закривува кога е под притисок, но и можноста куќиштето само да се поправа по гребнатинки.

Неодамна компанијата го објави и видеото со кое се докажува нивното тврдење во врска со куќиштето направено од нов вид на полимер.

Меѓутоа, „YouTube“ корисникот Маркес Браунли одлучи сам да го провери сето тоа што беше погоре наведено, а задната страна на телефонот покрај со клучевите ја оштети и со нож.

„LG“ во оргиналното видео користи топлински услови во својот тест за да го овозможи брзото поправање, што има логика со оглед дека флексибилноста на полимерот и неговата способност да се поврати во својот оргинален облик, секако е забрзан со користење на топлина.

Меѓутоа, ова значи дека во нормални услови користењето, а особено во ладни денови, телефонот би можел трајно да биде изгребан, доколку не го загреете доволно бргу, за да може сам да се поправи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП