23 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.11.2013

Дневен хороскоп 21.11.2013

hroskop1

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот е поволен за разговор со Рак или Стрелец и тоа треба да го направите што е можно побрзо, особено ако сакате да започнете нова работа бидејќи денешната позиција на Месечината е добра за оние кои сакаат да се вклучат во некој поголем бизнис, без разлика дали станува збор за областа на недвижнини или работа со странци. Денес е добар ден за секој облик на фамилијарен собир, особено со лицата кои живеат во странство. Можни се вонредни добивки во пари од лица на кои не сте сметале или преку игри на среќа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Некој кого долго време не сте го виделе се обидува да стапи во контакт со вас и тоа ќе му успее. Покажувате добра волја да се реши проблемот за кој вашиот колега постојано зборува и укажува на некои пропусти, а вие на тоа не обрнувате внимание. Ако сте во фаза на потрага по работа, сосема неочекувано еден Рак, можно да е добар пријател, ќе ви понуди некоја можност. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација во вашиот дом. Можен е повик од странство.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви се дава можност да се сретнете со некој колега со кој некогаш сте биле многу блиски, а долго време не сте се виделе и најверојатно се работи за работа која треба да ја обавите некаде на краток пат. Би требало да се договорите со оние од кои на некој начин зависите на финансиски план. Можно е да станува збор за блиски соработници кои ве доживуваат како конкуренција и кои се обидуваат некако да ве стават во сенка.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате можност да се смирите со некој друг Рак, Бик или можеби со Девица или Шкорпија, но прашањето е дали вие тоа искрено го сакате и дали сакате да го губите вашето време на тоа. Не мислете дека соработниците не ви се наклонети, напротив, имате многу повеќе пријатели од тоа што претпоставувате. Се однесувате доста мрзеливо и недоволно одговорно кон својата работа. Подготвени сте да се приклучите во некој поголем проект со една Шкорпија со која некогаш сте имале добар деловен однос.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата работа во моментов е стабилна, обидете се да ја задржите на иста позиција. Сонцето влегува во вашиот креативен сектор, се чувствувате среќно. Тоа одлично ќе ја изрази вашата личност и ќе ве направи среќни. Ќе бидете романтични повеќе од вообичаено. Имате потреба од повратна емоција на позитивен начин. Најдете повеќе време за себе.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе бидете максимално ефективни, па ова е совршен ден за средување на оние задачи и обврски кои бараат од вас целосна посветеност. Бидете строги ако некој се обидува да ви го одвлече вниманието.Одредена личност ќе се обиде да ви подметне повеќе обврски или да извлече корист од вас. Отворете си ги очите и заштитете се од манипулатори.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Важно е да го оправдате својот деловен углед во средба со соработниците. Понекогаш различни обврски претставуваат голем товар, но не можете да имате убедливо оправдување или изговор. Нема потреба да барате ново олеснување или заобиколно решение. Работата која ве заморува треба да ја завршите во најкратко можно време и без надмудрувања во дијалогот со соработниците. Поттикнувате кај себе поголема одговорност. Во семејството покажете дека имате доверба во нечии намери.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Внимавајте, денес планот за работа нема да ви оди како што треба, постојано ќе наидувате на препреки кои ќе го зголемат вашето разочарување. На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците. Размислете, тоа може скапо да ве чини. Во поглед на емоциите ќе зрачите со магнетска привлечност. Со неколку вкусно одбрани модни детали ќе ги истакнете своите најубави особини. Вашата популарност во друштвото ќе порасне.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Полека тенденциите кон професионалните активности секако и вниманието кон таа област, ќе се насочуваат кон вашиот социјален живот кој на некој начин сте го запустиле. Ако е тоа случај, денес и во наредните неколку дена очекувајте зголемена социјална активност, многу дружби, јавувања, можеби и за некакви приватни нешта, помош, но сепак пријателите се тука да помогнат или да им се помогне. Внимавајте на самозаблуди и преголеми очекувања, особено ако поради нешто имате потреба од пријател и негова интервенција.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се обидувате да бидете рационални но всушност сте прилично осетливи. Месечината во Рак кај вас создава потреба за признание и најверојатно ќе сакате да направите нешто за себе лично и за својата сатисфакција. Ќе имате прилика да се договорите со некој Бик околу некои многу важни прашања. Би требало да бидете практични во своите размислувања за она што ве очекува бидејќи пред вас е многу поволен период во кој можете да имате добра заработка.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Позицијата на Месечината и Марс ве прават доста непристојни, нервозни и неспокојни за многу прашања. Обидете се да се извините за нешто што ви е многу важно, можно е да станува збор за некој без кој не би биле така успешни. Ако се обидувате да го наговорите Ракот да се согласи со вашите услови, мора да бидете повеќе тактични отколку досега. Трудете се да оставите поволен впечаток на лицето кое одлучува за вашиот статус на работа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе добиете повик од некој кој ви ветил заедничка соработка и веројатно се работи за некој Рак кој е опседнат со некои негови размислувања и планови. Верувате во можност на заедничко решение во врска со работата која би требало да ви донесе добри приходи. Чувствувате голема потреба со некоја Водолија да разговарате за некои заеднички проблеми. Ако ви се допаѓа идејата за работа со странци или планирате заминување од сегашното работно место, подобро е да се консултирате се со некого.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП