2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТап Тап паметна алка за двојки - комуницирајте преку допир и вибрации

Тап Тап паметна алка за двојки – комуницирајте преку допир и вибрации

tapta

Компанијата „Вуденшарк“ создаде паметна алка специјално наменета за двојки што сакаат да останат на „дофат“ и кога се далеку еден од друг.

Тап Тап алката овозможува да го почувствувате допирот на партнерот во секое време, дури ако тој се наоѓа на другиот крај од светот.

– Нашата цел е да создадеме таен простор во кој постоите само вие двајца. Без разлика колку сте далеку еден од друг, велат од компанијата „Вуденшарк“.

Системот разликува повеќе видови и начини на контакт, така што двојките може да развијат сопствен јазик преку кој ќе си искажуваат нежност.

Со допирање или притискање на паметната алка партнерот ќе почувствува преку вибрации дека му е испратен допир.

На тој начин партнерите ќе може да си кажат колку се сакаат, недостигаат или едноставно дека мислат еден на друг, а се ќе зависи од бројот и ритамот на притискања.

mnbvc

Секоја алка има акцелерометар и сензор за допир, како и мал вибратот. Сепак, алката нема повеќе опции и не може да се поврзува на социјалните мрежи, пишува Дејли меил.

Чифт алки чини 90 евра, а достапни се во повеќе бои и форми. Батеријата се полни за помалку од еден час и трае до седум дена.

Со цел алката да функционира потребно е да се поврзе со смартфон.

Тап Тап алката може да се користи и за следење на физичката активност и контролор за играчките конзоли.

Компанијата „Вуденшар“ собира на „Кикстартер“ средства за почеток на производството.

Досега има обезбедено 83.236 долари од потребните 150.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП