9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGalaxy S5 ќе има 64-битен процесор, но пристигнува и 128-битен?

Galaxy S5 ќе има 64-битен процесор, но пристигнува и 128-битен?

Germany Gadget Show Samsung

Се чини дека производителите не водат меѓусебно војна само да се престигнат на пазарот, туку и во тоа како да ја променат границата на хардверските спецификации.

Кога се екраните во прашање, главна борба се води околку густината на пикселите. „Samsung“ се пофали со 3GB RAM во своите најнови уреди.

Кога „Apple“ ја претстави најновата генерација на „iPhone“, а со тоа започнаа нова трка – трка во која најновите уреди ќе имаат 64-битни процесори.

Според последните информации, најновата генерација на „Samsung Galaxy“ моделот „Galaxy S5“ ќе има 64-битен процесор.

Но потпретседателот на „ARM“ за комерцијален и глобален развој, Антонио Виана, изјави дека наскоро ќе бидат готови и процесорите со 128-бити и тие на пазарот би можеле да се појават во наредните неколку години.

Тој смета дека технологијата, како онаа за препознавање на лицето ќе ги натера производителите да започнат да вградуваат уште помоќни хардвери во своите уреди, за да можат да им излезат во пресрет на се поголемите барања за перформансите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП