25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKонечно се појави Porsche Macan

Kонечно се појави Porsche Macan

makanco

Германскиот производител на автомобили „Porsche“ го претстави новиот коросовер „Macan“, кој ќе ја пополни понудата на „SUV“ модели на овој производител.

„Macan“ е уште еден од моделите за кој многу од фановите на „Porsche“ тврдеа дека нема допирна точка со автомобилската марка под знакот со кој се продава. Како еден од аргументите за тоа е податокот дека „Macan“ е базиран на „Audi Q5“.

Кога сме кај моделот „Q5“, новиот „Porsche“ во однос на моделот на „Audi“ е подолг за 70 mm, поширок за 24 mm и понизок за 30 mm.

makanco1

Забелешките ќе одат во насока на споредба со моделот „Cayenne“, на кој според дизајнот на надворешноста, „Macan“ најмногу наликува.

Сепак, очигледно е дека помалиот кросовер на „Porsche“ има хармонични пропорции, благодарејќи на тоа што од „постариот брат“ е пократок за 15 санитметри и понизок за осум сантиметри, додека во истовреме е и потесен за нешто помалку од 2 cm.

„Porsche“ на купувачите на стартот од продажбата ќе им понуди три верзии од својот нов коросвер. Основниот бензински модел „Macan S“ кој ќе има 3.0 литарски V6 „twin-turbo“ мотор со 340 ks (250 kW).

makanco2

Поврзан со седумстепен менувач со двојно квачило, автомобилот е во состојба да достигне брзина од 100 km/h зa 5,4 s (5,2 s со пакетот „Sport Chrono“). Максималната брзина на оваа верзија е 254 km/h, a според фабричките податоци кои ги објави „Porsche“, просечната потрошувачка ќе изнесува меѓу 8.7 и 9 l/100 km со CO2 емисија од 204-212 g/km.

„Porsche Macan S Diesel“ под хаубата ќе има 3.0 литарски V6 „twin-turbo“ дизел агрегат со 258 ks (190 kW), што е доволно за забрзувањето од 0-100 km/h да го направи во рок од 6,3s (6,1 s со пакетот „Sport Chrono“) и да застане на максималните 230 km/h.

makanco3

Дизелмоторот има декларирана просечна потрошувачка која е 6,1 и 6,3 l/100 km, додека во атмосферата емитува 159-164 g CO2 по километар.

Во врвот на понудата се наоѓа „Macan Turbo“, кој за погон користи 3.6 литарски V6 „twin-turbo“ мотор со 400 ks (294 kW). Неговите перформанси се во склад со бројот на „коњи“, па така од место до „стотка“ стигнува за само 4,8 секунди (4,6 со пакетот „Sport Chrono“), пред да ги достигне максималните 266 km/h.

Поторшувачката на бензин според фабричките податоци се движи од 8,9 дo 9,2 l/100 km со CO2 емисија помеѓу 208 и 216 g/km.

makanco5

Предвидено е подоцна на овие мотори да им се придружи четирицилиндарски 2.0 литарски бензинец со 280 ks и дизел мотор со истата зафатнина. Тоа ќе биде првиот мотор со 4 цилиндри во едно „Porsche“ по 1995-та година и моделот „968“.

„Macan S“ и „S Diesel“ се опремени со 18 инчни алуминиумски фелни, додека моделот „Turbo“ користи 19 инчни. Купувачите ќе можат да доплатат за алуминиумски фелни со поголеми димензии до 21 инч.

makanco4

„Porsche Macan“ први во живо ќе можат да го видат посетителите на саемот во Лос Анџелес кој почнува денеска. Продажбата во Германија ќе започне во април 2014-та година со почетна цена од 57.930 евра зa „S“ и „S Diesel“, додека моделот „Turbo“ ќе чини од 79.826 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП