4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАDropbox бара нови инвеститори

Dropbox бара нови инвеститори

dropbox

Еден од најпознатите светски сервиси за складирање и размена на податоци преку „cloud“, „Dropbox“, се обидува да привлече нови инвеститори од кои се надева дека ќе собере дури 250 милиони долари.

На бранот на значајни инвестиции и зголемувањето на вредноста на технолошките компании, како што е „Twitter“ (кој вреди повеќе од 20 милијарди долари), во „Dropbox“ се надеваат дека ќе ги продадат своите акции по цена со која вредноста на нивната компанија ќе се најде на завидни 8 милијарди долари. Сличен потег минатиот месец направи и „Pinterest“, чија вредност по новото финансирање се проценува на 3.8 милијарди долари.

Во „Dropbox“  сакаат со помош на свежиот капитал да останат конкурентни на пазарот на „cloud“ складирањето, каде се борат со гигантите како „Microsoft“ и „Google“, но и со ветувачките „Box“ или „MEGA“.

Парите најверојатно ќе бидат искористени првенствено за унапредувње на продажбата на бизнис-корисниците, потоа зајакнување на инженеринг тимовите и јакнење на технолошката позадина на целото работење.

Потсетуваме, „Dropbox“ е основан во 2007-та година, а моментално има повеќе од 200 милиони корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП