8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен BlackBerry P`9982 Porsche Design

Претставен BlackBerry P`9982 Porsche Design

bb porsche

„BlackBerry“ и официјално ја претстави изменетата верзија на својот смартфон „Z10“, наречен „P’9982 Porsche Design“. Покрај нерѓосувачкиот челик и италијанската кожа, овој паметен телефон доаѓа и со единствен „BBM PIN“ кој им овозможува на корисниците да бидат веднаш препознати во сервисот. Интерната меморија е зголемена на 64 гигабајти во однос на моделот „Z10“, а тука се и дополнителните рамки во различни бои.

Освен козметичките промени, спецификациите на моделот „BlackBerry P’9982 Porsche Design“ се идентични со оние кои ги има и лошо продаваниот „Z10“.

Па така тука се екранот од 1280 x 768p, процесорот 1.5GHz „dual-core“, 2GB RAM и „BlackBerry BB10“ оперативниот систем. Овој телефон е базиран на „GSM“ варијантата, што значи дека нема да работи на некои од американските мрежи. Тука нормално е и разликата во цената во однос на паметниот телефон „Z10“, па така „BlackBerry P’9982 Porsche Design“ чини 2520 долари, а во продажба ќе се најде од 25-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП