24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar F-Type Coupe изгледа фантастично (фото)

Jaguar F-Type Coupe изгледа фантастично (фото)

jagi

Првите фотографии од новиот „Jaguar“ покажуваат дека вредело да се чека една година од премиерата на моделот „Roadster“. „Jaguar F-Type Coupe“ изгледа истовремено и моќно и елегантно, со препознатлив шарм кој го имаат британските спортски автомобили.

„Jaguar“ со новото купе покажа како успешен концепт може да се претвори во продукциски модел со минимум компромис.

Благодарејќи на ваквиот пристап на компанијата, „F-Type Coupe“ претставува верна копија на концептот „C-X16“ од 2011-та.

jagi1

Како и „Roadster“ од 2012-та и „Coupe“ ќе се произведува во три верзии. Основниот модел ќе добие снага од 3.0 литарскиот V6 мотор со компресор, кој испорачува 340 ks (250 kW) и 450 Nm максимален вртежен момент.

Забрзувањето до 0 дo 100 km/h го постигнува за 5.3 s, a максималната брзина е електронски ограничена на 260 km/h.

Следниот во рангот е „Jaguar F-Type Coupe“ со ознаката „S“. Под хаубата се наоѓа истиот 3.0 литарски V6, но со 380 ks (280 kW) и 460 Nm.

jagi2

Пропорционално со поголемите моќ и максимален вртежен момент, оваа верзија го намалува времето кое е потребо од место до „стотка“ на 4.9 секунди, додека максималната брзина исто така фабрички е ограничена, овој пат на 275 km/h.

Топ верзијата, „Jaguar F-Type R Coupe“ е опремена со 5.0 литарски V8 мотор со компресор. И додека овој мотор во моделот „Roadster“ развива 495 ks, инженерите се погрижија за во „Coupe“ да обезбедат дополнителни 55 ks, што во вкупен збир изнесува импресивни 550 ks (404,5 kW) и дури 680 Nm максимален вртежен момент.

jagi3

Забрзувањето до 100 km/h се врши за 4.2 секунди, а иако автомобилот може да постигне и поголема брзина, поради безбедносни причини иглата на брзинометарот застанува на максимално дозволените 300 km/h.

Сите три мотори се поврзани со осумбрзинскиот „ZF“ автоматски менувач, со опција за мануелна промена на степенот на пренос, а моќта се пренесува на задните тркала.

jagi4

„Jaguar“ на купувачите покрај верзијата со класичен покрив во боја на каросеријата, ќе им понуди и изборен црн, панорамски, стаклен покрив, кој на моделот во бела боја (прикажан на фотографиите) изгледа спектакуларно. Во компанијата велат дека безбедноста на патниците е загарантирана, без оглед која верзија ќе ја изберат, затоа што конструкцијата на двете варијанти има подеднаква цврстина.

„Jaguar F-Type Coupe“ ќе има официјална премиера на актуелниот саем за автомобили кој од 20-ти ноември ќе се одржува во Лос Анџелес, а цената на овој модел во Велика Британија ќе се движи од 51.235 фунти (61.000 евра) зa oсновната верзија, преку 60.235 фунти (71.600 eвра) зa „S“ модел, па до 85.000 фунти (101.000 евра) зa топ „R“ варијантата.

jagi5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП