„Meizu“ сега во својата понуда нуди верзија на својот паметен телефон „MX3“ со неверојатни 128GB простор за слкадирање на податоци, но ова е и првиот телефон во светот кој има толку голема интерна меморија.

За жал, верзијата на смартфонот „MX3“ со 128GB интерна меморија ќе биде достапна само со „TD-SCDMA“ варијантата, што значи дека специјално е дизајниран за мрежата во Кина.
Меѓутоа, уредот ќе може да се користи и во други земји, но корисниците ќе мораат да ја користат „2G“ мрежата, што на многумина нема да им се допадне.
Сепак, и натаму постои надеж дека „Meizu“ ваквиот простор за складирање ќе го понуди и во некоја друга варијанта на моделот „MX3“ која ќе може да се користи интернационално.
Цената на оваа верзија изнесува 660 долари, а „MX3“ поседува екран од 5.1 инчи и „octacore Exynos 5“ процесор.