4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРакот на дојка може да биде минато?

Ракот на дојка може да биде минато?

cancer-la-san

Истражувачите од Меѓународната интервентна студија за рак на дојка, позната како IBIS-II, ги повикуваат жените да учествуваат во студијата која може значајно да помогне во спречување на ракот на дојка.

Главниот истражувач на IBIS-II, професорката Кристобел Сондерс од Универзитетот Западна Австралија Винтроп, вели дека повикот се завршува во декември, и оти за студијата се потребни 8.000 жени од целиот свет.

Студијата е насочена кон тестирање на ефикасноста на лекот Анастрозол во спречување на развојот на рак на дојка кај жени со висок ризик. Всушност произлегува од IBIS-I студијата, која ја тестираше употребата на Тамоксифен за истата индикација.

Иако употребата на Тамоксифен ветувала, истражувачите забележале дека инхибиторите на ароматаза (во која спаѓа и лекот Анастрозол) имаат поголеми шанси за намалување на ризикот од рак на дојка, а притоа имаат подобри придружни ефекти.

На пример, несакани ефекти на Тамоксифен можат да бидат рак на матка, појава на крвни згрутчувања, додека несакани ефекти на Анастразол, можат да бидат топли бранови, сувост на вагината и зголемен ризик од остеопороза.

Инхибиторите на ароматаза исто така работат на поинаков начин отколку тамоксифен.

Тамоксифенот функционира така што ги блокира рецепторите на клетките за естроген кои циркулираат во организмот, додека ароматазата како што е Анастрозол, го блокираат ензимот на ароматаза и со тоа спречуваат почетно производство на естроген.

Хормонот естроген не предизвикува рак, туку канцерогените клетки имаат рецептори за естроген, па хормонот влијае на растот на тие клетки.

Професор Сондерс вели дека истражувачите се уште не знаат дефинитивно како овој процес превентивно функционира, но нагласува дека се на вистински пат, „бидејќи ако постои само една или две клетки рак, лекот може да го блокира нивниот раст“.

– Меѓутоа, додава таа, тоа може и целосно да биде поинаков механизам.

Студијата, која настана по употребата на Анастрозол, кога се користел во директно лекување рак на едната дојка, покажува дека се намалуваат шансите за развој на рак на другата дојка.

– Тоа, секако не доведе до верување дека ова може да биде подобар лек отколку хемо-превенцијата, вели Сондерс.

Таа исто така нагласува дека истражувачите веруваат дека лекот може да има превентивен ефект долго по запирање на медикаментозната терапија.

За да и се приклучат на студијата, жените мора да бидат во постменопауза – на возраст меѓу 40 и 70 години и да имаат високи фактори на ризик како што се семејна историја или биопсирани бенигни лезии.

Во студијата ќе се бара од учесниците да земаат таблета дневно во наредните пет години како и на почетокот да го проверат здравјето на коските.

Од 8.000 учесници, половина ќе добијат лек, а другата половина ќе добијат плацебо. Двете групи ќе се споредуваат.

Сондерс заклучува дека студијата навестува нова ера во спречувањето рак на дојка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП