3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSONY освои EISA награди за најдобар телевизор, најдобар таблет и најдобар ресивер...

SONY освои EISA награди за најдобар телевизор, најдобар таблет и најдобар ресивер за домашно кино во Европа за 2013-2014 година

yyyyyyyt

Големото прашање за Сони беше како да го надминe успехот на својата повеќе наградувана серија за 2012 – Sony Bravia HX853. Еден од одговорите дојде од новата W905A серија преку својот 55 инчен телевизор со кој Sony отвори пат за Triluminos LED екранот и втората генерација на својот процесор X-Reality Pro. Четиригодишната традиција на Sony Bravia телевизорите е продолжена од ново наградениот модел W9 кој ги истакнува убавината, емоциите и возбудата во секој момент и нуди најдобар квалитет на слика и звук во еден телевизор досега. Овој модел нуди беспрекорен квалитет на слика со живописни и реалистични бои и одлична слика при движење за спорт, филмови и игри, а системот на звучници со долг канал обезбедува одличен квалитет на звукот сето тоа спакувано во извонредниот дизајн „Sense of Quartz“. Овој модел е најдобар во серијата и овозможува полесно гледање на телевизија со тоа што ви дозволува да го управувате преку вашиот паметен телефон или таблет.

 

Одлична комбинација на претходно наградениот телевизор е и таблетот Xperia Tablet Z кој го доби епитетот најдобар таблет во Европа за 2013-2014 година. Овој модел е најпрестижниот таблет уред со Android на пазарот кој се одликува со одлични перформанси и најдобрата технологија од Sony преку својот процесор со

sony

четири јадра кој работи на 1,5 GHz и 2GB RAM меморија со оперативен систем Android 4.1.3. Со својот 10,1-инчен екран прикажува резолуција од 1920×1200 пиксели, што резултира со густина на пиксели од 224 ppi. А за да биде комплетен има и две камери од кои задната снима слики со квалитет до 8,1 мегапиксели и користи CMOS Exmor R сензор, а исто така овозможува снимање на Full HD видео. Сето ова во неверојатно тенок и лесен дизајн со дебелина од само 6,9 мм и тежина од 495 гр, Xperia Z го нуди највисокото ниво на отпорност на вода (IP55 и IP57) што некогаш било достапно кај таблет уредите.

 

Кога сме на темата систем за домашна забава, Sony го заокружува овој сегмент со уште еден награден производ, се работи за најдобриот ресивер за домашно кино во Европа за 2013-2014 година Sony STR-DA5800ES. Новоразвиената 4-та генерација на AV ресиверот со 9.2 канали е дискретна, но истовремено нуди одличен аудио квалитет и поширок спектар на репродукција на звукот. Можноста за приклучување на најразлични начини значи дека можете да уживате во музиката и филмовите како што ќе посакате, а технологијата за зголемување на резолуцијата до 4К ќе ви овозможи да ги гледате вашите омилени филмови со четири пати повеќе детали од Full HD на 4К телевизор. Со својот дизајн и функционалност, ресиверот на Sony, нуди софистицираност на повеќеканалните перформанси за да обезбеди поживописен и поенергичен звук за филмовите и музиката. Моќната обработка на звукот му овозможува на централниот канал Lift Up и Virtual Height функционалност за лесна инсталација, а репродукцијата на медиуми нуди поддршка за 192kHz/24-битни FLAC и WAV фајлови. Кога на сето ова ќе се додаде преубавиот и интуитивен интерфејс со ефективен режим за автоматска калибрација, резултатот е STR-DA5800ES извонредно дополнување на серијата за домашни кина од Sony.

  rici

ЕИСА (Европска асоцијација за слика и звук) веќе 30 години доделува награди во областа на аудио, авто електроникaта, мобилната технологија, фото и видео уреди. Стручното жири на ЕИСА го сочинуваат уредници од 50 магазини за потрошувачка електроника од 19 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП