17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung Galaxy Gear испорачан во 800.000 примероци

Samsung Galaxy Gear испорачан во 800.000 примероци

gear mear

За два месеци од кога беше претставен, „Samsung“ на купувачите им испорача 800.000 примероци од паметниот часовник „Galaxy Gear“.

Ова се официјални податоци кои пристигнаа од јужнокорејскиот гигант, а ги пренесе „Ројтерс“, додавајќи дека испораката била подобра од очекуваното.

Од „Samsung“ очекуваат дека продажбата во претстојните празнични периоди ќе биде уште подобра.

Аналитичарите не предвидоа многу добар интерес, особено ако се има во предвид дека и натаму е скромен бројот на апликации за овој уред, околу седумдесетина, како и бројните критики кои беа упатени, пред се поврзани со цената и бројот на поддржани уреди. Но, тоа би можело да се промени.

„Ова е најпродаваниот паметен часовник на пазарот и планираме да ја прошириме неговата достапност, така што ќе го прошириме спектарот на уреди кои ќе можат да работат со „Gear““, беше соопштено од „Samsung“.

„Galaxy Gear“ беше претставен на годинешниот „IFA“ саем во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП