ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од граѓаните се незадоволни од квалитетот и професионалноста на лекарите во...

Половина од граѓаните се незадоволни од квалитетот и професионалноста на лекарите во специјалистичките болници

Институтот за истражување на економските и политичките теми во земјава Фајнанс Тинк објави податоци кои уште еднаш ја потврдуваат поразителната статистика во однос на здравството. Повеќе од половина од граѓаните не се задоволни од специјалистичките болници, околу 80 отсто од граѓаните сметаат дека во земјава има ниско ниво на инфраструктура во болниците. Единствено позитивно е тоа што близу 60 отсто од граѓаните се задоволни од работата на матичните доктори.

Анкетата на Институтот Фајнанс Тинк покажува дека  само 6% од граѓаните се задоволни од достапноста на специјалистичките прегледи. Инфраструктурата во болниците и здравствените домови е ниско оценета од 77% од граѓаните. Потоа, 58% од граѓаните позитивно ја оценуваат достапноста до услугите на матичните лекари, додека половина од  граѓаните се незадоволни и од квалитетот и професионалноста на лекарите во специјалистичките болници. Незанемарлив дел од граѓаните, или 29%, изразиле незадоволство од квалитетот и професионалноста на матичните лекари и медицинските сестри.

Во истражувањето стои и дека 70 отсто од граѓаните негативно го оценуваат пристапот и времето за чекање за специлистички прегледи.

„Најпозитивно оценета е примарната здравствена заштита, каде што 71% од испитаниците изразуваат задоволство од професионалноста и односот на матичните лекари и медицинските сестри. Ова ниво на доверба може да се должи на континуираниот контакт со ист лекар, што гради чувство на достапност и лична грижа:  „Задоволни сме од нашиот матичен лекар, секогаш е достапен за нас, дури и кога не се работи за чисто медицински проблем“, се наведува во анализата на Фајнанс Тинк.

Во анализата се наведува дека 90 отсто од граѓаните поддржуваат реконструкција и модернизација на здравствените домови, здравствено осигурување за сите деца, како и транспарентност и намалување на листите за чекање. И покрај недостигот на капацитети, граѓаните ја оценуваат услугата во градинките како солидна – 49% сметаат дека квалитетот е добар или подобар, што укажува дека каде што има физички пристап, има и позитивни искуства со грижата за најмалите. Од друга страна, послабо се оценети квалитетот на услугите за постарите лица и висината на пензиите. Сепак, доколку се споредат оценките за пристап до услуги за грижа и нивниот квалитет може да се заклучи дека моментално достапноста на капацитети за згрижување е од поголема важност за граѓаните.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП