26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda најави три нови мотори

Honda најави три нови мотори

honda motori

„Honda“ во своите модели наскоро ќе понуди три нови бензински мотори со турбо-полначи и со директно вбризгување, соопштија од јапонска компанија.

Новата гама на „VTEC“ турбо агрегати вклучува, 1.0 литарски трицилиндарски мотор и две четирицилиндарски единици од 1.5 и 2.0 литри.

Во „Hondа“ велат дека со примената на технологијата за променливо отворање на вентилите, намаленото триење во моторот и турбо-полначот со директно вбризгување, произвеле мотор со помала зафатнина, кој покрај тоа има и помало загадување на животната средина.

honda motori1

Јапонската компанија не објави повеќе детали за моторите, ниту информација кога ќе започне нивната употреба, но беше кажано дека турбо-бензинските агрегати ќе бидат користени во идните глобални модели. Нормално во склад со карактеристиките на секој автомобил поединечно и со потребите на купувачите на индивидуални пазари.

Од претходно беше познато дека 2.0 литарскиот „VTEC Turbo“ со преку 270 ks ќе се користи во моделот „Civic Type-R“ кој на пазарот ќе пристигне во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП