20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОсум изненадувачки факти за Facebook

Осум изненадувачки факти за Facebook

blogomanija

Со повеќе од милијарда и 200 милиони корисници, од кои најмалку 60 проценти активни профили, „Facebook“ е најпопуларната друштвена мрежа во светот. На оваа мрежа се наоѓаат преку 10 милијарди апликации, па така на секој корисник во просек доаѓаат по 10 апликации, а секој ден пристигнуваат се повеќе.

Ќе се обидеме да ви претставиме осум интересни факти за „Facebook“, па погледнете што секојдневно се случува на најголемата друштвена мрежа во светот.

1. Секој ден на „Facebook“ се додаваат повеќе од 350 милиони фотографии (digitalbuzz).

2. Додавањето фотографии воедно е омилената активност на корисниците (Jeff Bullas).

3. 66.4 проценти од купувачите преку статус ќе ги известат своите „Facebook“ пријатели за намалување на цените и акции (Crowdtap).

4. 58 проценти од корисниците на „Facebook“ очекуваат посебни погодности, попусти и повици за настани кога ќе станат фанови на одреден бренд (Hubspot).

5. Три четвртини од вкупните интеракции на корисниците на „Facebook“ со објава од страница се случуваат во првите пет часа од моментот на објавувањето на статусот (digitalbuzz).

6. Просечниот животен век на објавите на „Facebook“ е 80 минути (AllTwitter).

7. Дури 198 милиони „Facebook“ корисници пристапуваат до оваа мрежа исклучиво преку мобилен телефон (Bufferapp Blog).

8. Четвртина од сите „Facebook“ корисници не обрнуваат внимание на својата приватност (Bufferapp Blog).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП