ПочетнаКОМПАНИИБАНКИКомерцијална банка продолжува со силни резултати - 48 милиони евра добивка за...

Комерцијална банка продолжува со силни резултати – 48 милиони евра добивка за првото полугодие

Во периодот од 01.01. до 30.06.2025 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.960,1 милиони денари, наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 2.844,6 милиони денари, што претставува зголемување за 4,1 %.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.483,9 милиони денари и бележат благо намалување од 0,4 % во однос на истиот период минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2025 година истите бележат мало зголемување од 1,1 % во однос на истиот период минатата година. Планот е исполнет со 101,3 %. Приходите по основ на камата се зголемени за 1,7 %, при што најголем пораст бележат приходите од камата од домаќинствата и нефинансиските друштва како резултат на зголемените пласмани. Расходите по основ на камата се зголемени за 5,9 % поради зголемените орочени депозити, споредено со истиот период минатата година. Нето каматната маржа на ниво на Банката е намалена, од 3,88 % на крајот од првото полугодие од минатата година, на 3,63 % на 30.06.2025 година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2025 година изнесуваат 620,7 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележат мало зголемување од 1,5 %. Планот за анализираниот период е остварен со 105,7 %. Нето-приходите од курсни разлики на 30.06.2025 година изнесуваат 217,0 милиони денари и бележат зголемување од 20,3 % во однос на истиот период минатата година, како резултат на одржување на отворената девизна позиција на оптимално ниво кое овозможуваше остварување задоволителни приходи во услови на непречено исполнување на вкупните капитални барања на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 137,3 %.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.06.2025 година изнесуваат 663,6 милиони денари и бележат намалување од 9,3 % во однос на истиот период минатата 2 година, главно како резултат на помалку остварени приходи од капитална добивка од
продажба на преземен имот. Планот е остварен со 105,2 %.

Оперативните расходи за периодот 01.01. – 30.06.2025 година изнесуваат 1.203,5 милиони денари и во однос на минатата година се зголемени за 1,4 %, во најголем дел како резултат на зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените, а во помал обем и поради зголемената амортизација. Планот е остварен со 85,5 %.

Нето исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 30.06.2025 година изнесува 315,5 милиони денари и бележи намалување од 32,8 % во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 469,4 милиони денари. Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства во првата половина од 2025 година главно се должи на добрата финансиска дисциплина и редовното сервисирање на обврските по кредити од страна на клиентите.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП