ПочетнаЕКОНОМИЈАПогледнете како изгледа рускиот град по разорното цунами: Сè е под вода,...

Погледнете како изгледа рускиот град по разорното цунами: Сè е под вода, има повредени луѓе, сцените се застрашувачки(ФОТО)

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка, предизвикувајќи цунами висок до четири метри. Огромни бранови го погодија брегот, оштетувајќи згради и предизвикувајќи масовни евакуации низ Тихиот Океан.

На видеата од местото на настанот може да се види уништувањето, поточно, сè е под вода.

Неколку луѓе беа повредени во тој оддалечен руски регион.

Според регионалниот министер за вонредни состојби Сергеј Лебедев, кратко по земјотресот е регистрирано цунами од три до четири метри.

„Сите треба веднаш да се оддалечат од брегот“, предупреди Лебедев во видеото.

Камчатка се наоѓа на таканаречениот Тихоокеански огнен прстен – зона позната по најразорните земјотреси и вулканска активност во светот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП