
Компанијата „Jeep“ на претстојниот саем на автомобили во Лос Анџелес ќе претстави посебна верзија на моделот „Wrangler“ посветена на легендарното воено возило „Willys“.


Компанијата „Jeep“ на претстојниот саем на автомобили во Лос Анџелес ќе претстави посебна верзија на моделот „Wrangler“ посветена на легендарното воено возило „Willys“.
„Јeep Willys Wheeler Edition“ е заснован на моделот „Wrangler Sport“. Автомобилот потсетува на познатиот „Willys“ по својата боја, тркалата и гумите, како и платнениот покрив и другите ретро детали, како безбедносните клипови на хаубата.

Да се осигура дека современата верзија може да се избори со тешките терени, како својот претходник, „Jeep Willys Wheeler Edition“ е опремен со погонскиот систем „Command-Trac 4×4“ и „Trac-Lok“ диференцијалот за ограничено пролизгување на задната осовина.
Како стандардниот „Wrangler“, така и верзијата „Willys“ за погон ќе користи 3.6 литарски „Pentastar V6“ мотор со 288 ks (212 kW) и 352 Nm максимален вртежен момент.

Моќта на тркалата ќе се пренесува со помош на шестбрзински мануелен или шестстепен автоматски менувач, кој е достапен како опција.
По премиерата во Лос Анџелес, автомобилот ќе се појави на американскиот пазар на почетокот на 2014-та година со почетна цена од 25.795 долари за верзијата со 2 врати, а додека моделот со 4 врати ќе чини околу 29.595 долари.