26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИ Qualcomm се подготвува да претстави паметен часовник

И Qualcomm се подготвува да претстави паметен часовник

pameten saat qualcom

„Qualcomm“, компанијата која е најмногу позната по своите технолошки компоненти, најави дека има во план да го претстави својот паметен часовник кој е наречен „Toq“.

Станува збор за уред кој го дизајнираше подружницата „Qualcomm Connected Experiences“ и кој е компатибилен со „Android“ уредите.

„Toq“ поседува, како што ја нарекува „Qualcomm“, „Mirasol“ дисплеј технологијата. Станува збор за екран кој е секогаш вклучен и кој рефлектира амбиентално светло со кое лицето на часовникот секогаш ќе биде читливо.

Паметниот часовник има поддршка за безично полнење, бежични стерео „Bluetooth“ слушалки и „Qualcomm“ автоматски ќе го ажурира по пат на бежична надоградба.

Компанијата така им се придружи на „Samsung“, „Sony“ и „Pebble“ и на сите други компании на прилично конкурентниот пазар на преносна технологија.

„Toq“ ќе биде претставен на 2-ри декември со почетна цена од 350 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП