НЛБ Банка за периодот 01.01-30.06.2025 оствари нето добивка по оданочување на износ од 1.610.020 илјади денари, што е речиси идентична со ланската за истиот период кога изнесуваше 1.641.262 илјади денари.
Банката пресмета вкупен данок од 231.958 илјади денари, по ефективна даночна стапка од 15% којашто вклучува дополнителен минимален глобален данок, воведен на крајот на 2024 година.
Нето каматните приходи на Банката забележаа раст за 3,7 % споредено со претходната година. Приходите од камати се повисоки за 6,3 % во однос на претходната година како резултат на зголемената кредитна активност на Банката во двата сегменти – правни лица и население. Расходите за камати се повисоки за 27,7 % како резултат на зголемената депозитна активност на секторот домаќинства.
Нето приходите од провизии се повисоки за 0,5 % споредено со претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 3,6 % додека расходите за провизии се намалени за 10,2 %.
Останатите некаматни приходи изнесуваат 313.052 илјади денари и се зголемени во однос на претходната година за 17,8 %.
Исправката на вредноста на финансиските средства и резервациите за вонбилансната изложеност, на нето основа изнесува 160.962 илјади денари, и во однос на истиот период од минатата година бележи намалување за 13,8 % или 28.807 илјади МКД.
Целосниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.



