17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса тргнува во „лов“ на Ројс

Барса тргнува во „лов“ на Ројс

markota

Според последните информации кои пристигнуваат од Каталонија, приоритетна цел во трансфер плановите на Барселона за следното лето ќе биде играчот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.

Медиумите од Шпанија објавија дека каталонците веќе ја започнале офанзивата за привлекување на германскиот репрезентативец. Спортскиот директор на „каталонците, Андони Зубизарета се сретнал лично со агентот на Ројс, за да дознае дали фудбалерот има желба да премине на „Камп Ноу“ и под кои услови би можела да биде остварена трансакцијата.

Договорот на Ројс со Борусија е до 2017-та година, но во него има клаузула која дозволува по 2015-та година тој да биде откупен за 35 милиони евра. Меѓу клубовите кои намногу се заинтересирани за Германецот се Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Барселона сака да го зајакне и средниот ред, а „El Mundo Deportivo“, откри дека за таа цел клубот ќе се обиде да ги обезбеди услугите на еден од следниве играчи: Коке од Атлетико Мадрид, Артуро Видал од Јувентус и Рамиреш од Челси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП