3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChrysler 300Ѕ за 2014-та година (фото)

Chrysler 300Ѕ за 2014-та година (фото)

300 s

„Chrysler“ го претстави моделот „300S“ за 2014-та година кој е дизајниран да го подобри претходниот модел. Овој автомобил поседува затемнети светла, црна хормирана решетка, како и сјајни црни рамки околу прозорите.

Автомобилот поседува 20-инчни алуминиумски тркала, како и изборен црн сјаен покрив. Кабината е опремена со црна или „Ambasador“ сина кожа кога станува збор за седиштата, сребрени шевови и „piano“ црни украси.

300 s1

Тука и „Uconnect“ информациониот систем, како и „Beats by Dr. Dre“ аудио системот со десет звучници и со засилувач. За под хаубата на овој модел може да се избере еден од двата мотори. 3.6L „Pentastar V6“ кој произведува 300ks, додека агрегатот „5.7L Hemi V8“  е со снага од 370ks.

Моделите опремени со вториот мотор поседуваат и спортски тјунирана суспензија, како и сопирачки систем со високи перформанси. Моделот „Chrysler 300S“ во продажните салони ќе се појави напролет, а неговата цена ќе биде најавена пред автомобилот да биде достапен за купување.

300 s2

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП