5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро батериите сами ќе се „поправаат“!

Наскоро батериите сами ќе се „поправаат“!

South Korea LG Curved Smartphone

Истражувачи од Универзитетот Стенфорд направија батерии кои може да траат многу повеќе од обичните, поради својата способност да се „поправаат“.

Иако нема да можеме физички да ги оштетиме и потоа да гледаме како сами се составуваат пред нашите очи, во внатрешноста на овие батерии ќе се случува нешто слично на тоа.

Станува збор за техники кои се развивани во потрага за помоќни батерии со цел да се зголеми густината на енергија, но и формата на батеријата да остане иста.

Една од тие техники беше вградување на силикон во катоди, што дозволува повеќе енергија, но за резултат на тоа има нестабилна батерија по неколку циклуси на полнење.

Силиконот е склон на пукање кога се шири и е снабден со елетрони за да ја зголеми снагата. Кога пука, силиконот повеќе не е во состојба да држи напон.

Ова сега е поправено со новата полимерска обвивка.

Истражувањето на Чао Венга од Универзитетот Стенфорд и Хуи Вуа од Универзитет од Пекинг се најзаслужни за овој пронајдок.

Судејќи според професорот, Женан Бао, тие открија дека „силиконските електроди трае 10 пати повеќе кога се обложени со слој на полимер кој е во состјба сам да се поправа и кој ги поправа сите пукнатини во батеријата за неколку часа.

Во овој момент, електродите работат без никакви проблеми до 100 полнења, иако научниците се надеваат дека новата технологија наскоро ќе биде во состојба да издржи до 500 циклуси во телефонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП