26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКамерата на телефонот може да го открие ПИН кодот

Камерата на телефонот може да го открие ПИН кодот

iphone

Научници од Кембриџ во едно истражување покажале дека ПИН кодот на телефонот лесно може да се открие со соодветен софтвер, кој го користи камерата и микрофонот на вашиот мобилен.

Со помош на програмата „ПИН Скимер“, истражувачкиот тим открил дека избирањето на броевите од ПИН кодот на тастурата од телефонот може лесно да се дознае.

Софтверот преку камерата го следи вашето лице и ги „слуша“ звуците кои ги произведува тастатурата при притискањето на броевите. За време на тестирањето се корстени „Нексус-С“ и Галкси „Ѕ3“ смартфоните на Гугл.

– Демонстриравме дека камерите, кои вообичаено се користат за конференциски врски и препознавање на лица, можат да се злоупотребат, изјавија професорите Рос Андерс и Лорен Симон.

При внесувањето на шифрата на телефонот, камерата ја проценува ориентацијата на телефонот и дознава кои броеви се притиснати.

Кај ПИН кодовите со четири броеви, програмата имала 50 отсто успешност, додека со поголема комбинација на броеви успешноста се зголемила.

Голем број корисници на смартфони употребуваат шифра за заклучување на телефонирте, меѓутоа шифрите се почесто се користат за да се пристапи до разни апликации, но и на банкарски сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП