ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа една година бројот на деца кои одат во градинка се зголемил...

За една година бројот на деца кои одат во градинка се зголемил за 67, а бројот на градинки се зголемил за еден објект!

Во текот на ланската година бројнот на деца кои иделе во градинка изнесувал 37 871 и претставува зголемување за 67 деца во однос на 2023 година. Во истиот период подтоците на Државниот завод за ститистика велат дека се зголемил за едно објект бројот на градинки. Тој сега изнесува 118 установи За згрижување и воспитание на деца.

Во 2024 година, во 118 јавни и приватни установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки и центри за ран детски развој се регистрирани 37 871 дете. Во однос на 2023 година, бројот на установи е зголемен за 0.9 %, додека бројот на деца е зголемен за 0.2 %.

Според официјалните податоци, јавни установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки се регистрирани 77 кои опслужуваат 36 187 деца. Потоа, приватни установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки има 32 установи во кои се регистрирани 1337 деца. Следни се детските градинки во состав на приватни училишта што имаат својство на правно лице кои на број се 4, а во овие установи се регистгрирани 156 деца. Во анализираниор период се евидентирани два Центри за ран детски развој како јавни правни субјекти кои ги посетуваат 54 деца. А во Центрите за ран детски развој како приватни правни субјекти има 59 деца сместени во два објекти. Во земјава има и една детска градинка во состав на правни лица за потребите на вработените, во државна сопственост, во кој има 42 деца.

Државен завод за статистика

2023 година
117 установи за згрижување и воспитание на деца
37 804 деца во установите

2024 година
118 установи за згрижување и воспитание на деца
37 871 дете во установите

Едно од најголемите предизборни ветувања како на сегашната власт така и на опозицијата беше изградба на нови градинки и зголемување на бројот на деца кои ќе бидат дел од овој пред училишен образовен процес. На почетoкот на годинава беше пуштена една нова јавна градинка во општина Центар, а неколку други беа почнати со реконструкција и доградба како и изградба на комплетно нови објекти. И покрај овие заложби се уште голем дел од најмладата популација и нивните семејства чекаат или се на список за прием во некоја од градинките кои се под локалната самоуправа.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП