Денеска на потегот од Врбјани до Ботун, беа пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид. Овој момент, според Владата, претставува пресвртна точка и симбол на работата, посветеноста и разликата во пристапот кон големите проекти меѓу актуелната и претходната власт.
-На овој потег, на делницата Пресека-Песочани, денес се вози по нов автопат. Само една година откако ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија. Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика за држава што тапка во место, денес е симбол на новото време, изјави премиерот Мицкоски.


