23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung купува 5 отсто од Wacom

Samsung купува 5 отсто од Wacom

sams

Компанијата „Samsung“ купува 5 отсто од акциите во „Wacom“, јапонска компанија која е специјализирана за производство на стилос (пенкало за екрани на допир) и графички таблети.

Вредноста на овие аквизиции изнесува 58 милиони долари. Компанијата „Wacom“ со текот на годините стана стандард за графички таблети, а компанијата „Samsung“ ја користи технологијата во своите смартфони и таблети.

Иако овие две компании веќе соработувале со цел да ја обезбедат технологијата на уредите, сега се очекува „Samsung“ дигиталните пенкала да ги интегрира на поголем број уреди.

Големата дијагонала на екранот на смартфоните, диктира користење на две раце, односно на стилос.

Според гласините, новиот „Samsung“  уред кој би требало да биде заедно со стилос, ќе биде „Galaxy S IV“. Уредот би требало да биде претставен во текот на април или мај, наведуваат  изворите.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП