3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ја купи компанијата која работеше на Microsoft-Kinect?

Apple ја купи компанијата која работеше на Microsoft-Kinect?

apple kinect

„Apple“, наводно успешно го спроведе купувањето на „PrimeSense“, компанијата која работеше на развојот на сензорот на „Microsoft“ – „Kinect“.

Според информациите, „Apple“ најверојатно платил 345 милиони долари за компанијата од Израел.

Иако е најпозната по работата на сензорот „Kinect“, технологијата на оваа компанија се користи и во „3D“ скенерите и во „Asus Xtion“.

„Се фокусираме на изградба на успешна компанија и производство на интерактивни производи. Несакаме да коментираме што нашите партнери, клиенти и потенцијални клиенти работат или се поврзани со одредени гласнини“, стои во соопштението кое го објави „PrimeSense“.

„Apple“ претходно се поврзуваше со оваа компанија кога беше објавено дека понудиле 280 милиони долари за неа, а судејќи според поедини информации, компанијата е во потрага за технологија за следење на движењата која би користела за унапредување на „Apple TV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП