Иако новата „C сlasѕ“ официјална премиера ќе има дури во јануари 2014-та година, на саемот во Детроит, се почесто се откриваат деталите за овој модел. Најпрво неодамна се запознавме со ентериерот на автомобилот, а на најновите фотографии е откриен и неговиот надворешен изглед.
Како што беше случај со некои други нови модели и „Mercedes C сlasѕ“ беше „фатен“ за време на снимањето на промотивниот материјал.
На фотографиите може да се види модел опремен со стилскиот пакет „AMG“ кој од стандардната верзија се разликува по променетите естетски детали, како маската на ладилникот, предниот браник, специјалните алуминиумски фелни, црниот панорамски покрив….
Благодарејќи на тоа, овој модел има изразен спортски изглед.
Со предниот дел на автомобилот веќе се запознавме кога беа објавени првите нацрти за надворешноста, а сега имаме можност да го видиме и неговиот заден дел.
Како што и се очекуваше, „Mercedes C сlasѕ“ превзема и многу стилски елементи од новата „S сlasѕ“, што е очигледно ако автомобилот се гледа одзади. Стоп светлата и поклопецот од багажникот се слични како и кај најголемата лимузина на „Mercedes“. Сепак, гледајќи од страна, се гледа дека пропорциите на двата модели се разликуваат и задниот дел кај „C сlasѕ“ е пропорциално пократок од значително подолгата хауба.
Исто така, може да се види дека новата „C сlasѕ“ сепак доста се разликува од помалата купе лимузина, моделот „CLA“.
Откако во претходните текстови се запознавме со внатрешноста на новата „Mercedes C сlasѕ“, но и со некои технички детали, се уште се непознати спецификациите на моторот и перформансите на автомобилот.
Се претпоставува дека изборот на мотори ќе ги опфати агрегатите со четири, шест и осум цилиндри. Некои од нив ќе бидат превземени од сегашниот модел, додека другите ќе бидат подобрени. Покрај тоа, се очекуваат и потполно нови мотори, а на купувачите ќе им биде понудена и верзија со хибриден погон. Во врвот на понудата ќе се најде и „C63 AMG“, кој во салоните ќе се појави неколку месеци по стандардниот модел.
се однесува до дизајнот, „Mercedes C сlasѕ“ сигурно ќе предизвика спортивставени реакции кај љубителите на оваа марка. Некои од нив ќе сметаат дека не е добро тоа што лимузините на германскиот производител почнуваат премногу да наликуваат една на друга, додека други ќе ги поздрават елегантните линии на новата „C сlasѕ“.
Во секој случај, пред нас е модел кој технолошки е совршен, а стилски различен од акутелниот модел. Со оглед на големата популарност и добрите продажни резултати на претходникот, во германската компанија очекуваат новиот модел во најмала рака да го повтори неговиот успех.
Какви се вашите први впечатоци од овој модел?