7 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Јуни 4,5 отсто

Инфлацијата во Јуни 4,5 отсто

Според пресметките на Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0.8 %.

Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 2.9 %, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %, Разновидни стоки и услуги за 0.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Ресторани и хотели за 0.5 %, Здравје за 0.3 %, Комуникации, Облека и обувки за 0.2 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година изнесува 101.1.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар