1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMicrosoft го негираше договорот со Реал за Бернабеу

Microsoft го негираше договорот со Реал за Бернабеу

bernabeumicor

Софтверскиот гигант „Microsoft“ нема да го преименува стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во случај да ги добие правата на арената.

Пред извесно време се појавија информации дека технолошкиот гигант подготвува договор за промена на името на објектот, со кој во клупската каса на „белите“ ќе инкасираат прилично сериозна сума.

„Односите со Реал се на основа на иновациите и технологијата. Не сме заинтересирани за можноста да го преименуваме стадионот“, рече шефот на претставништвото на корорацијата во Шпанија, Марија Гарања.

Други две големи компании – германскиот производител на автомобили „Audi“ и катарската авиокомпанија „Emirates“, исто така се заинтересирани за спонзорски договор за правата на стадионот, кој се проценува на 25 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП