1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли Македонија да биде енергетска сила на Балканот?

Може ли Македонија да биде енергетска сила на Балканот?

Може ли земјава да стане главен центар за енергетска транзиција на Балканот?

Токму ова прашање сè почесто се поставува откако експертите за енергетија потврдија дека Македонија има потенцијал да одигра дури и клучна улога доколку одлучи да ги искористи сите свои природни ресурси, географска положба, па и политичка волја за реформи.

Во моментов, како што стојат работите, Македонија произведува околу 60% од својата електрична енергија од термоелектрани, но обновливите извори – особено сонцето и ветерот – имаат огромен, сè уште недоволно искористен потенцијал.

„Погледнете, имаме над 250 сончеви дена во годината, а тоа е многу повеќе од земјите во Централна Европа. Ако на тоа ги додадеме и новите проекти за ветерници и за акумулаторски станици, можеме реално да станеме извозници на зелена енергија“, коментираат експертите.

Тие посочуваат дека токму нашата земја многу лесно може да стане мост помеѓу производителите и пазарите во ЕУ, но како што велат, за такво нешто ни е потгребен модерен енергетски систем со дигитализација и со јасна регулатива.

Енергетската мрежа во земјава е стара, честопати преоптоварена, а процесот на издавање дозволи за нови енергетски капацитети е бавен и обременет со бирократија.

Според домашни инвеститори, токму административните бариери се најголемата кочница.

„Имам дозвола за изградба на соларна електрана од 3 мегавати веќе осум месеци. Сè е готово, но чекам уште еден потпис од една комисија“, вели локален претприемач од Берово.

Иако Европската Унија преку ИПА-фондовите нуди значајни средства за поддршка на енергетската транзиција, потребна е поголема координација меѓу институциите и транспарентна распределба на ресурсите.

Слично е и со странските инвеститори, кои покажуваат интерес, но очекуваат стабилна законска рамка и сигурност на вложувањето.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар