14 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако Тесла сама се одвезе до новиот сопственик - без возач, без...

Како Тесла сама се одвезе до новиот сопственик – без возач, без далечински управувач (ВИДЕО)

Tesla Model Y е доставен самостојно до сопственикот за прв пат – без возач и далечински управувач.

„Тесла“ објави видео од првата испорака на автономни автомобили во светот.

„Овој автомобил на Тесла се вози сам од фабриката во Тексас до домот на својот нов сопственик, на околу 30 минути од паркингот, преку автопатот и градските улици за да стигне до својот нов сопственик“, соопшти компанијата.

Електричниот автомобил Tesla Model Y во овој случај немал ниту возач ниту патници, ниту пак бил управуван од далечина.

Настанот означи нова етапа во демонстрирањето на технолошкиот напредок на Тесла во автономното возење.

Според Ашок Елусвами, раководител на одделот за вештачка интелигенција и автопилот технологија во Тесла, електричниот автомобил достигнал максимална брзина од 72 mph (приближно 116 km/h) за време на патувањето.

Сопственикот на компанијата, Илон Маск, претходно објави дека првата испорака на автономни автомобили ќе се случи на 28 јуни, но сепак тоа се случи еден ден порано.

Да ве потсетиме дека минатиот понеделник компанијата Тесла ги лансираше првите јавни возења на долгонајавуваниот роботакси, целосно автономно возило без возач.

Пилот-проектот моментално вклучува десетина возила Модел Y, кои се движат во ограничена зона во населбата Саут Конгрес во Остин (Тексас), а во секое возило има вработен во Тесла кој го следи системот од безбедносни причини.

Оваа фаза на тестирање моментално е достапна само за поканети корисници, вклучувајќи инфлуенсери и инвеститори, а цената на едно возење е фиксна на 4,20 долари.

Возилата го користат најновиот софтвер Full Self-Driving (FSD), кој се потпира на сопствена компјутерска платформа и систем на камери, без LIDAR сензори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар